(Видео) Халил Јагањац меѓу петте најголеми ѕвезди на СЕХА-лигата во сезона 2017/18

30.03.2018 19:06
MJI_8440_original_resize

На крајот на одлична сезона во СЕХА-лигата, во која стана најдобар стрелец на лигата, нашиот Халил Јагањац се закити со уште едно големо признание – избран е меѓу петте најголеми ѕвезди на лигата во сезона 2017/18.

Освен Јагањац, меѓу петте најголеми ѕвезди на лигата се и Жига Млакар (Целје П.Л.), Иван Пешиќ (Мешков Брест), Лука Циндриќ (Вардар) и Златко Хорват (ППД Загреб).

Во образложението на СЕХА-лигата се вели:

Со постигнати 100 гола, Јагањац стана најдобар стрелец на СЕХА-Газпром лигата во својата дебитанска сезона, што е постигнување кое зборува само за себе. Тој има само 19 години, а во редовите на Металург дојде од ПСЖ, каде мина една година, без да добие вистинска шанса.

Неговиот талент експлодираше во Металург, иако на почетокот му требаше време за да се прилагоди на новиот систем, практикуван од тренерите Лино Червар и Александар Јовиќ. Сепак, тој брзо влезе во вистинска форма и тоа беше крунисано со титулата најдобар стрелец во лигата. Јагањац е единствен ракометар кој сезонава на дури 4 средби во СЕХА-лигата постигна по 9 гола, а тој го држи и сезонскиот рекорд – постигна 10 гола на средбата против Динамо Панчево, во декември 2017.

Неговите игри во СЕХА-лигата, особено во октомври и во ноември, му донесоа и повик во хрватската репрезентација на ЕП во Хрватска.

Халил својата кариера ја почна во малиот локален клуб МРК Козала од Риека.

.

Прочитано 165 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 16