Видео: Металург со победа се враќа од гостувањето во Струга

29.02.2020 20:10
metalurg-tajm-aut-1_resize

По двомесечна пауза денеска продолжи првенството на Македонија, со средбите од 15. коло.

Металург денеска и гостуваше на екипата на Струга, од каде се врати со очекувана победа и три нови бодови, со кои го задржавме челното место на табелата.

Во првото полувреме се почувствува долгата пауза од официјални средби и Металург многу полежерно влезе во овој натпревар. Мотивираниот домаќин направи се што можеше и солидно му парираше на подобриот и поискусен гостински тим. Првото полувреме го доби Струга, со минимални 15:14.

Се се смени во вториот дел во кој Металург заигра многу подобро и поборбено. Момците на Зоран Кастратовиќ уфрлија во повисока брзина и наметнаа темпо кое Струга веќе не можеше да го следи.

Со две серии од по 5:1, Металург создаде солидна предност што не ја испушти до самиот крај.

Во следното коло Металург во Автокоманда ќе ја пречека екипата на Еурофарм Пелистер 2.

.

РК Струга – РК Металург  24:29 (15:14)

РК Струга: Стојаноски, Мечкароски, Маркоски 2, Кузманоски 4, Крстаноски 2, Костоски, Јанкуловски 1, Симоноски, Костоски, Трајковски 2, Русески, Новаковиќ, Димитријески 2, Мекиќ 8, Рајатовски 3 и Јаковчески.    Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 8 минути.

РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев 1, Јагуриновски 1, Поповиќ 5, Пецаковски, Шилегов 3, Танкоски 5, Мариќ 2, Серафимов 4, Лазаревски 2, Младеновиќ, Чантурија 4, Кбилашвили, Маркоски и Арсеновски 2.    Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Михајло и Методија Илиевски.

Делегат: Славчо Каланоски

.

Прочитано 315 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 0