ВИДЕО. МЕТАЛУРГ ТВ. ЧЕРВАР: ПРОТИВ ЗАГРЕБ, КОЈ РЕТКО ГУБИ ДВЕ СРЕДБИ ЗА СЕДУМ ДЕНА, ЌЕ ИГРАМЕ СО НАЈСИЛНИОТ СОСТАВ

13.12.2013 15:06

rk-metlurg-logo_final_resize

Металург денеска одржа прес-конференција по повод утрешниот натпревар против екипата на Загреб. На присутните новинари им се обратија шефот на нашиот стручен штаб, Лино Червар, и десниот бек на Металург, Никола Кеџо.

MJI_42401_resize_resizeЛино Червар: Дојдовме до крајот на натпреварувањето во СЕХА лига во тековната година и факт е дека за десет дена играме три најтешки натпревари. В сабота игравме во Загреб, утре играме со истиот противник во Скопје, а во вторник и со Вардар. Тоа се три тешки средби во кратко време, но добро е што со тоа завршува овој дел од првенството. Бидејки и нашите помлади ракометари забрзано ги играат натпреварите од македонското првенство, а имаа и подготовки со кадетската репрезентација, ние овој пат ќе настапиме со најсилниот состав, а така ќе биде и во вторник. Оваа недела имавме и здравствени проблеми во екипата. Мојсовски, Јоновски и Дејан Манасков добија вирус и не тренираа оваа недела, а Вугринец, поради повреда на тетивата, се вклучи дури при крајот на седмицата. И покрај тоа, натпреварот ќе го одиграме со желба да победиме, ќе се обидеме да играме добро како во Загреб, иако знаеме дека нема да ни биде лесно, бидејки Загреб ретко губи две средби за седум дена. Тие ќе се трудат да ни се реваншираат, но тоа е добро за гледачите кои ќе следат добар натпревар. И Загреб, како и ние, има десетина ракометари кои се повикани во репрезентација. Се работи за добра комбинација на младост и искуство, каде посебно значајна е улогата на Тончи Валчиќ и Хорват. Очекувам “тврд“ натпревар. Во Загреб одлично функционираше нашата одбрана 6-0, која успеа да ги неутрализира главните противнички напаѓачи, Мандалиниќ и Степанчиќ. Во нападот бевме многу мудри и стрпливи и успеавме да постигнеме доста голови, 30. Имавме многу добар позиционен напад и го принудивме противникот често да ја менува својата одбрана, од 6-0, 5-1, 5 +1, па, 4-2, а накрај и човек на човек. Ние имавме решение на сите нивни одбрани и со својата стрплива игра оставивме одличен впечаток во Загреб.

Видовме дека најсилното оружје на противникот е нивната брза транзиција. Имаат неколку многу брзи ракометари, особено крилата и знаат брзо да казнуваат. Ако сакаме успех на утрешната средба ќе мораме да одиграме слично како и во Загреб, стрпливо и дисциплинирано, особено во одбраната, која не функционираше како што треба на некои од последните средби, но одлично се покажа во Загреб, каде бевме густи и агресивни во овој сегмент на играта. Во нападот ќе мораме да бидеме стрпливи и да ја оневозможиме нивната транзиција и брзите контранапади.

Ги повикувам нашите навивачи да дојдат и да навиваат за нас, во нашиот последен домашен натпревар во оваа година.

MJI_441_resize_resizeНикола Кеџо: Утре не очекува важен натпревар со екипата на Загреб, во кој треба да го повториме пристапот што го имавме  на претходната средба. Во Загреб успеавме комплетно да ги неутрализираме нивните бекови, со нашата одбрана 6-0, и мислам дека тука и го добивме тој натпревар. Сметам дека утре повторно треба да реши нашата одбрана, а, ако биде така, тогаш ќе бидеме блиску до успехот. Загреб е млада и полетна екипа, која на прошлата средба не ги покажа својата вистинска вредност и сила. Имаа лоша реализација, но за тоа беше крива нашата одбрана. Утре не очекува тешка и неизвесна средба.

Фотогалерија:

Прочитано 1.250 пати

(1) Коментар

  1. Sabotno popladne pominato vo SCBT kade ke imas moznost da gi gledas Naumce ,Mirkulovski,Vugi ,Atman,Georgievski i site ostanati e navistina ubavo pominato popladne.
    Eve i od mene povik do site simpatizeri na Metalurg.

    AJDE V SABOTA DA JA ISPOLNIME SALATA I DA GI BODRIME NASITE MILENICI PROTIV ZAGREB !
    PIRATI MORA DA BIDAT ZADOLZITELEN DEKOR !

Напишете коментар


7 − 2 =