ВИДЕО. МИЈАТОВИЌ: МЕТАЛУРГ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОТПИШЕ

25.11.2013 03:53

on.net.mk_47460_resize_resize„Сакам да му честитам на Вардар за коректната игра, ова беше ракометен амбиент во кој на крајот ние славевме победа. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи за добрата игра, за дисциплината и за заслужениот триумф“

.

on.net.mk_44060_resize_resize„Сакам да се заблагодарам на публиката за фантастичниот амбиент, на противникот за коректната игра. Нашите навивачи беа во помал број, но сепак дадоа се од себе за да ни дадат поддршка и ние сме им навистина благодарни поради тоа. Што се однесува до мечот, влеговме порастоварени отколку на првата средба, го покажавме своето вистинско лице и на сите им ставивме до знаење дека Металург не смее да се отпише. На минатиот меч ни недостигаа ентузијазам и желба за победа, овојпат бевме на потребното ниво. Морам да споменам дека Дарко Станиќ постави високи стандарди што се однесува до голманите на Металург, а моите партии се резултат на тоа што сакам да се наметнам во една така силна конкуренција. Мило ми е што имав така значаен придонес во оваа победа“

on.net.mk_47406_resize_resize„Можеби ќе се повторам од прес-конференцијата од пред десетина дена кога реков дека кога голманот е во топ-форма тогаш полесно се победува. Честитки до Мијатовиќ за одличната игра и до Металург за заслужената победа. И пред натпреварот реков дека шансите за победа се 50-50, овојпат противникот се радуваше, а нам ни останува да продолжиме со напорна работа и на следните натпревари да атакуваме на бодовите што ни се неопходни за пласман во следната фаза“

on.net.mk_47400_resize_resize„Најпрвин честитки на Металург за одличното издание, пред се на Раде Мијатовиќ. Тој прими само два гола за 18 минути игра, го сврте мечот во корист на противникот и потоа мечот беше решен. Сакам да им се заблагодарам на „комитите“ за одличната поддршка, нека продолжат да доаѓаат во ваков број бидејќи нивната поддршка ни е неопходна. Поздрав и до „пиратите“, многу среќа на нив“

Прочитано 1.235 пати

(1) Коментар

  1. Dali golmanov na Vardar znae da kaze nesto drugo osven da im se zablagodaruva na komitite koi ja napustija salata koga vidoa deka porazot e neizbezen.Sledno najverojatno e i javno da go povika Vujovik da se vrati ‘ na starite Vardarovi igraci kako da ne im odgovara mirna igra vvo terenot koja se nametna so smena na sopstvenikot. Sekoja cesr za site onie koi se za fer i korektna igra i ne e loso da gi posovetuvaat svoite navivaci da se odnesuvaat civilizirano.

Напишете коментар


− 7 = 1