(Видео) Проблем за Македонија и за Металург: Велко Маркоски ќе го пропушти ЕП

04.01.2020 22:56
DAR_1543_resize

Вчерашниот пријателски натпревар со Словенија и ударот на Деан Бомбач од растојание од само половина метар, станаа кобни за настапот на бекот на Металург Велко Маркоски на ЕП 2020.

Велко доби силен удар во главата и повреда на едното око. Денешните дополнителни прегледи во Љубљана беа немилосрдни – Велко ќе мора да паузира најмалку две седмици. Тоа значи дека за него ЕП 2020 е завршена работа.

Велко веднаш тргна за Скопје, каде ќе продолжи со терапијата.

.

Прочитано 999 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 11