(Видео) Стефан Додиќ е најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите

14.10.2018 15:26
GIL_2153_resize

Средбата со Чеховски Медведи уште еднаш покажа дека Металург најдобро работи со младите ракометари. Нашиот Стефан Додиќ, со двата гола постигнати на оваа средба, стана најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, со своите 15 години и 7 месеци. На овој натпревар, Стефан постигна два гола, двата од линијата за седум метри.

Стефан во Металург дојде со неполни 14 години и своето основно знаење го стекна во овие две години минати во нашиот клуб. Најпрво, со својот брат Лазар, настапувал за нашиот пионерски тим, потоа заигра и за кадетскиот, а сега својот талент има можност да го покаже и во првиот тим на Металург, со што стана и најмлад ракометар кој заигра за првата постава на нашиот тим.

За браќата Стефан и Лазар Додиќ нашите медиуми пишуваа и минатата година. Имено, големата љубов кон ракометот ги натера двајцата секојдневно да патуваат на релација Врање – Скопје, за да тренираат и да настапуваат на натпреварите, а сето тоа поради обврските кон наставата во училиштето во Врање. Моментално двајцата живеат и учат во Скопје.

.

Прочитано 619 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 7