ВИДЕО/ФОТО – ЛИНО ЧЕРВАР: ИМ БЛАГОДАРАМ НА НАВИВАЧИТЕ, ТИЕ СЕ НАШЕ СЕМЕЈСТВО

31.08.2014 03:11

za tekst

По натпреварот е одржана редовната прес-конференција:

_DSC636_resize_resize_resizeПетер Давид: “Би сакал да му честитам на Металург, беше подобар противник по 60 минути игра. Во првото полувреме се држевме добро, но во вториот дел, поради кратката клупа и поради неколкуте повредени играчи, повеќе не можевме да го следиме темпото на противникот. Нашиот главен проблем се повредите на неколкуте играчи, поради што моравме да импровизираме, но уште еднаш му честитам на Металург“.

_DSC0636_resize_resize_resizeВасја Фурлан: “ И јас би сакал да му честитам на Металург. Знаевме дека не чека тежок натпревар, пред нивната публика. Ме радува што мојата екипа се бореше, дадовме се од себе и немаме за што да жалиме. Одиме понатаму“.

.

_DSC0642_resize_resize_resizeЛино Червар: “И честитам на екипата на Татран за фер и коректната игра и и посакувам успех во квалификациите за Лигата на шампионите. Што се однесува на денешната средба, ние добро ја почнавме и брзо дојдовме до висока предност, но потоа застанавме. Се покажа дека натпреварот трае 60 минути. Татран се врати, изедначи и беше рамноправен противник. Во второто полувреме им дадов шанса на помладите играчи, кои држеа брзо, силно темпо и заслужено победија. Верувам дека и понатаму ќе работат и ќе се развиваат и знам дека сме на добар пат. Сакам посебно да им се заблагодарам на нашите навивачи за извонредната посета на стартот на една нова сезона, што уште еднаш покажува какво ракометно семејство е Металург.“

_DSC0645_resize_resize_resizeМијајло Марсениќ: “На почетокот наметнавме посакуван ритам, но потоа некако паднавме и дозволивме противникот да се врати во игра. Среќен сум што сум дел од овој тим на Металург и што играм пред една ваква прекрасна публика. Верувам дека ќе имаме многу заеднички радости оваа сезона“.

Фото:

_DSC0636_resize_resize

_DSC0641_resize_resize

_DSC0642_resize_resize

_DSC0645_resize_resize

pres01_resize_resize

pres02_resize_resize

pres03_resize_resize

Прочитано 1.981 пати

(1) Коментар

  1. Taka e Dr.Lino taka e Marsenic VELEMAJSTORI ….Forza Plavi…Grande Familija

Напишете коментар


− 1 = 4