Висла Плоцк го доби и вториот дуел со Металург

16.02.2021 21:20
DAR_2079_resize1

Металург го загуби и реванш-натпреварот со полскиот вицешампион, кој повторно не порази со убедливи 35:20 (16:10). Со оглед на бројноста на нашиот состав и измореноста на поставата што одигра два натпревари за три дена, поразот беше очекуван.

Но, за разлика од првиот натпревар, Металург денеска остави многу подобар впечаток и покажа поголема желба да му се спротистави на посилниот противник. Иако Висла Плоск поведе со убедливи 6:1, Металург имаше сили да се врати и, со серија од 2:5, се доближи на 8:6. Првото полувреме го загубивме со 16:10.

Првата половина од вториот дел мина во офанзива на домашниот состав, кој искористи бројни технички грешки на Металург и поведе со двоцифрена предност. Веќе изморениот Металург тоа не можеше да го надомести, па конечната разлика стигна до +15.

Сепак, покрај сите проблеми што го следат Металург, кој никако да одигра натпревар со комплетен тим, денеска видовме и 8 гола на новиот лидер Серафимов, видовме нови 4 гола на младиот и неискусен Митиќ, а ја видовме и првата одбрана на 16-годишниот Давид Брестовац во дресот на Металург во европските натпреварувања.

Металург утре се враќа во Скопје, а веќе на 20 февруари не очекува нов предизвик – домашната средба со Чеховски Медведи.

.

Висла Плоцк – Металург 35:20 (16:10)

Висла Плоцк: Моравски (9 одбрани), Рибицки (2 одбрани), Стенмалм, Вејин 1, Камински, Санчез 4, Гунтин 3, Шушња, Шита 3, Комаржевски 2, Крајевски 1, Терзиќ, Тото 3, Михиќ 8, Чаплински 3 и Елизага 7.    Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 8 минути.

Металург: Ѓорѓески (8 одбрани), Дупјачанец, Брестовац (1 одбрана), Петковски, Поповиќ 5, Кофилоски, Калуѓеровиќ 3, Серафимов 8, Митиќ 4, Рниќ и Додиќ.     Седмерци: 2/5.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Томас Барисас и Повилас Петрусис од Литванија.

Делегат: Тадас Јансонас од Литванија.

Прочитано 146 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 3