Висок пораз на Металург 2 во Автокоманда

22.05.2016 15:58
_DSC0115_resize

Во натпревар од плејаут фазата, одигран во Автокоманда, екипата на Металург 2 е високо поразена од тимот на Радовиш, со резултат 26:37 (12:18).

Се до средината на првото полувреме ништо не навестуваше дека нашиот тим поразен ќе го напушти теренот. Металург имаше постојано водство од еден до три гола, функционираа и одбраната и нападот, а добар дел од нашите голови беа постигнати од брзите контри.

По 15-та минута се случи комплетен и необјаснив пресврт. Престана да функционира нападот, киксираше одбраната, а сега Радовиш стана тимот што ни го наполни голот од бројните контранапади.

За жал, ваквата игра продолжи и во второто полувреме, а високиот пораз стана неизбежен.

Металург 2 – Радовиш  26:37 (12:18)

Металург 2: Блажевски, Обреновиќ, Доневски, Гроздановски 1, Шулевски, Стојковски 5, Бошковски 1, Димитриоски 7, Стојменов 3, Шилегов 4, Лембанов 1, Смилевски 2, Митревски 1, Лазаревски, Беќаровски 1 и Гошевски.    Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 2 минути.

Радовиш: Паунов, Конзулов 1, Марков, Павловски 2, Илиев 9, Долдуров 1, Ѓоргиев 3, Фенов 4, Постолов, С.Спасов, Петрушевски 7, А.Спасов, Ордев 2 и Блажески 8.   Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Начевски Виктор и Божиновски Даниело од Скопје.

Делегат: Начевски Ристо од Скопје.

Прочитано 547 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 8 =