Висок пораз на Металург 2 во Радовиш

05.10.2019 23:46
DAR_3910_resize

Во петтото коло на македонската Суперлига, Металург 2 високо е поразен на гостувањето во Радовиш. Во натпревар без одбрани беа постигнати вкупно 83 гола, од кои 49 во нашата мрежа.

Почетокот на средбата не ветуваше ниту толку голови, ниту пак толку висок пораз на Металург 2. Во половина од првото полувреме се играше рамноправно, со постојано, но минимално, водство на домашниот тим. Но, така беше се до резултат 7:6, а потоа Металург 2 заигра непрепознатливо и до крајот на првиот дел стекна негатива од цели 10 голови.

Во истиот стил продолживме да играме и во вториот дел од оваа средба, па убедливиот пораз стана неизбежен.

Металург 2 денеска одигра лошо во одбраната. Бевме порозни и  анемични, за што сведочи и фактот дека во целиот натпревар немавме ниту едно исклучување, за разлика од домашниот состав, кој беше казнет со 12 минути.

Куриозитет на средбата се 19-те голови на Ивица Илиев од Радовиш. Ова е втор едноподруго натпревар на Металург 2 во кој средбата ја решава еден противнички ракометар, по средбата со Работнички на која Давор Палевски ни даде 16 гола.

Веќе во следното коло во Автокоманда ќе гостува тимот на Вардар Јуниор и тоа е добра шанса да дојдеме до првата победа и да избегаме од дното на табелата.

.

РК Радовиш – РК Металург 2  49:34 (22:12)

РК Радовиш: Паунов, Тушев, Ј.Ѓорѓиев 2, Горгиевски 3, Долдуров 3, С.Ѓорѓиев 4, Илиев 19, Николов 6, Органџиев, Везенковски 6, Ристов, Стојановски 3, Трајанов, Постолов и Фенов 3.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 12 минути.

РК Металург 2: Василевски, Ацевски, Божиновски, Михајлов 1, Мелоски 1, Кофиловски 4, Савковиќ 6, Николовски 8, Митиќ 2, Мирчевски 1, Ристовски, Георгиевски, Танев 1, Гајиќ 3, Додиќ 2 и Ефтимов 5.    Седмерци: 5/7.    Исклучувања: 0 минути.

Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје.

Делегат: Васил Чавдаров.

 

Прочитано 232 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 0