ВИСТИНСКА АНЕГДОТА

31.12.2011 03:27
7.Sezona 1975-6_resize

Приказната ми ја раскажа Зоки Цветановски. Во 1971 година, на турнирот на Пролет, покојниот Никола Богдановски донесе тим составен од работници на Железара. Овде се роди идеја да се формира клуб составен од вработени во фабриката. Никола Богдановски Коле, ја прифати идејата и преку фабричките органи го создаде Металург. Четири децении покасно, Металург станува препознатлив македонски бренд. Идејата, реализирана од Коле, продолжува да живее преку трудот на денешните генерации. Никола Богдановски не сонувал за европското претставување на Металург туку се борел за голиот опстанок на клубот. Денес, кога Металург е постојан учесник на меѓународните натпреварувања, го нема Коле за да виде до каде стигна клубот кому му го посвети целиот живот.

Фото:

Прочитано 347 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 17