ВО 1992 ГОДИНА МЕТАЛУРГ ДОБИ НОВ СПОНЗОР – “ОГНОМАК“

25.12.2011 14:03
DSC03287_resize_resize

Нов спонзор на Металург стана ПП “Огномак“ од Скопје, претпријатие за производство на опрема за заштита. Потпишан е двегодишен договор за спонзорство, кое подразбира целосно покривање на сите трошоци на Металург, врзани за натпреварите, судиите, делегатите, патувањата, и премиите на ракометарите. Металург доби и ново име – Металург Огномак. За нов претседател на клубот е избран Трајан Блажевски, директор на “Сигурност“. Таа година, на крајот од есенскиот дел, Металург се најде на 7 место со 10 бода. Меѓутоа, пролетниот дел ветуваше многу повеќе со оглед на добриот распоред. Имено, од 11 средби во пролетниот дел дури 9 ќе се играа во Скопје. На полусезона, екипата ја напуштија Пучурица (отиде во Куманово), и Глигоров (Вардар Ватростална), а дојдоа Давков и реактивираниот Бенко.

Зимските припреми беа организирани, прво во Леуново, а потоа и во салата во Автокоманда. Планирани беа и турнири во Романија. Тренери на Металург беа Крсто Митевски (Петрушевски) и Ристо Чокрев кој воедно беше и активен играч и капитен на екипата.

Фото:

Прочитано 239 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 16