Топ Вести

Во Автокоманда, Металург 2 и Јуниор Кисела вода ги поделија бодовите

14.04.2019 19:09
_DSC0073_resize

Во дербито на колото, во Автокоманда се сретнаа екипите на Металург 2 и на Јуниор Кисела Вода, два тима од самиот врв на плејоф-табелата. По голема борба, екипите ги поделија бодовите, а Металург 2 е тимот што има навистина голема причина да жали за ваквиот исход, бидејќи водеше во најголем дел од средбата, а победата ја имаше се до 6 секунди до крајот.

Металург 2 на овој натпревар настапи хендикепиран, со отсуството на Мартин Серафимов, кој вечерва ќе го видиме во составот на Македонија во мечот против Исланд. Дополнително, нашата втора ударна тупаница – Стефан Додиќ – допатува заморен од настапот за пионерската репрезентација на Србија на турнирот во Унгарија. Токму головите на овие двајца извонредни млади ракометари и недостасуваа за да се осигура победата на денешната средба.

И покрај овој хендикеп, Металург 2 имаше контрола во текот на скоро целиот натпревар. Кон средината на првото полувреме веќе имавме предност од три гола, 6:3, 7:4, 9:6 а на крајот и при 10:7. За жал, во финишот ни падна концентрацијата и му дозволивме на противникот да оствари серија од 3:0 и да го израмни резултатот на 10:10, по што двете екипи заминаа на одмор.

На почетокот од вториот дел гостинскиот состав го забележа своето единствено водство на средбата, при 11:12, но тоа траеше кратко и набрзо предноста повторно мина во посед на Металург 2.

Вистинска драма се случи во последната минута. Најпрво Јуниор Кисела Вода го израмни резултатот на 20:20, а потоа Металург 2 постигна се чинеше победнички гол, 21:20, на само 13 секунди до крајот. Гостите тргнаа во последен напад и на само 6 секунди до крајот успеаа да го израмнат резултатот и да освојат важен бод.

Во следното коло Металург 2 и гостува на екипата на Преспа.

.

РК Металург 2 – РК Јуниор Кисела Вода  21:21 (10:10)

РК Металург 2: Божиновски, Василевски, Михајлов 4, Кондев 3, Попов, Кофилоски, Гошевски 4, Митиќ 1, Ристовски 2, Л.Додиќ, Гогов, Прцуловски, Младеновиќ 7, С.Додиќ, Гајиќ и Мијатовиќ.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 2 минути.

РК Јуниор Кисела Вода: Богдановски, Биковски 2, Атанасовски, Гичев 4, Крстевски 11, Чапов, Јаховиќ, Затараковски, Маркудов, Трајковски 4, Тодоров 2, Коловски 4, Гроздановски 3 и Трајчевски 1.    Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Седлоски Рубинчо и Ангелески Горан од Прилеп.

Делегат: Цветкоски Илија од Прилеп.

Прочитано 313 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + = 5