Во Автокоманда утре ќе се организира седмото издание на “Новогодишниот турнир“

27.12.2019 17:09
DSC_6657_resize1-610x401

Утре салата „Автокоманда“ во Скопје ќе биде собиралиште за најмладите членови на Ракометната академија Металург, кои ќе бидат дел од седмиот по ред традиционален “Новогодишен турнир“.

Дел од годинешното издание на турнирот ќе бидат дечињата од нашите школи од Скопје, Куманово, Крива Паланка, Кавадарци и од Кичево.

На турнирот пријавени се 21 екипи во три староски категории (2006/07, 2008/09 и 2010 и помали), кои ќе одиграат 20 натпревари. Поради бројноста и неможноста да се игра по групи, турнирот ќе има елиминациски карактер, по системот кој губи испаѓа.

За наградите на годинешниот турнир се погрижија нашите пријатели од Витаминка, Виталија, Магрони и од Македонија осигурување.

Прочитано 131 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 1 =