ВО БОРБАТА ЗА СРЕДИНА НА ТАБЕЛАТА, ВИНАРИЈА СТОБИ ПОДОБРА ОД РЕ-МЕДИКА

11.06.2012 18:43
logo_slika_zdravje-610x74

Дуелот меѓу екипите со по три бода им припадна на ракометарите на Винарија Стоби. Видовме крајно напнат и интересен натпревар во кој победникот го решија нијанси. Во првиот дел се водеше рамноправна борба и ова полувреме заврши без победник, 7:7. Слично се играше и во вториот дел кој гостинската екипа го доби со само еден гол разлика. На крајот, 11:12 за Винарија Стоби.

Кај победникот се истакнаа Мијајлески и Димитровски со по 3 постигнати гола, додека најпрецизен на средбата беше домашниот ракометар Николоски со 4 дадени гола.

Ре-Медика – Винарија Стоби   11:12  (7:7)

РеМедика: Белински 2, Тодоровски 1, Трпески, Стојковиќ, Андрееска, Николоски 4, К.Божиновски 2, Марковачев, М.Божиновски, Ристовска 1 и Максимовиќ 1.       Тренер: Силвана Миленковиќ.

Винарија Стоби: Георгиевски, Мијајевски 3, Кузмановски 2, Саздовски 1, Митковски, Димитровски 3, Наумовски 2, Илијоски, Зајков, Јовевски, Стојановски и Стефановски 1.      Тренер: Никола Матлиевски.

Судија: Кристијан Павловски.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 185 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 9