Во борбата за третото место, Металург е поразен од екипата на Саран

18.01.2020 20:17
82326363_2818384564885583_5788321643793219584_n_resize

Металург го загуби малото финале на турнирот во Монлисон.

Подобра од нас беше екипата на Саран, која славеше со резултат 35:33 (32:32, 18:12, 3:1)).

За жал, средбата ја загубивме во првото полувреме, во кое противникот успеа да ги казни буквално сите наши грешки.

Во вториот дел Металург го засили притисокот и дојде во позиција да се бори за победа, откако израмнивме на 32:32. Сепак, во решавачките моменти ја немавме потребната концентрација и ја загубивме средбата на пенали.

Со овој натпревар Металург ги заврши подготовките во Франција. Поради некомплетниот состав, но и поради желбата на тренерот Кастратовиќ шанса да добијат сите ракометари, резултатот на ова турнеја беше во втор план.

Металург утре ќе тргне кон Скопје, па  ќе ги продолжи подготовките во својата сала во Автокоманда.

Саран – Металург  35:33 (18:12)

.

Фото:

Прочитано 262 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 9