Во борбен натпревар, младинците на Металург тесно се поразени во Битола

19.03.2018 13:37
_DSC0028_resize

Во 10. коло на младинската лига, група 1, младинците на Металург се поразени на гостувањето во Битола. Подобри од нас беа ракометарите на Пелистер, кои не совладаа со тесни 33:30 (17:17).

Тоа беше средба со две дијаметрално различни полувремиња. Во првиот дел, откако го одбија почетниот налет на домашниот состав, младинците на Металург ги контролираа и играта и резултатот, па стекнаа предност од максимални три гола. Сепак, Пелистер до крајот на првите 30 минути успеа да ги среди своите редови и целосно да ја анулира нашата предност, 17:17.

За жал, второто полувреме мина во знакот на нашиот противник, кој веднаш го презеде водството и веќе не го испушти до крајот.

Покрај дуелот меѓу двете екипи, видовме и голгетерска пресметка меѓу Горан Јовановски од Пелистер и нашиот Симон Прентоски. И овој дуел го добија битолчани, бидејќи Јовановски постигна 11, а Прентоски 8 гола.

.

РК Пелистер – РК Металург  33:30 (17:17)

РК Пелистер: Митревски, О.Вардовски, С.Ристовски, Манојловски, Илиев 6, Ставревски, Петковски 3, Галевски, Јовановски 11, Ф.Вардовски, К.Ристовски 6, Видановски, Гулабовски, Степановски 2, Илиевски и Стевановски 5.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 10 минути.

РК Металург: Ацевски, Димевски 3, А.Вељановски, Донев, Ѓоргиевски, Ивановски, Дуноски, Мелоски 1, Јорданов 3, Андревски 2, Б.Вељановски 4, Прентоски 8, Стојановски 2, Блажевски 1, Николов 4 и Петровски 2.   Седмерци: 5/7.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Илиевски Иван и Марковски Александар од Битола.

Делегат: Стефановски Александар од Битола.

Прочитано 406 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 10