Во Бугојно, Македонија и одржа ракометна лекција на Србија

18.04.2019 21:03
57097045_526738954523564_3627711407505539072_n

По поразот од Германија во првото коло, Македонија го одигра и својот втор натпревар на кадетскиот турнир во Бугојно, БиХ. Предмалку, заврши средбата меѓу нашите кадети и нивните врсници од Србија, која заврши со блескава победа на Македонија. Србите ги совладавме со убедливи 35:26 (16:7) и ги задржавме надежите и шансите групата да ја завршиме како победници, за што ќе решава утрешното последно коло.

Својата победа Македонија ја најави од самиот почеток, со серија од 3:0. Колку и да се трудеше нашиот противник, разликата постојано растеше, па на одмор заминавме со предност од цели 9 гола, 16:7, со што и го решивме овој натпревар. Македонија и во вториот дел продолжи со добрата игра, па во 40. минута имавме двојно повеќе голови од својот противник, 24:12. Откако победата беше запечатена, селекторот Брестовац можеше да си дозволи да испроба повеќе комбинации од својот ростер, па Србија на крајот успеа да дојде до пораз од “само“ девет голови разлика.

Најдобар стрелец во нашиот национален тим беше Ненад Костески со 13 голови од 14 обиди, а веднаш зад него беше Мартин Серафимов со 9 гола. Кај Србија, најефикасен беше Радовиќ со шест гола, додека Николиќ постигна пет.

Нашиот последен натпревар од групната фаза ќе го одиграме утре, со почеток во 13 часот, а наш противник ќе биде селекцијата на Швајцарија, нашиот должник од ланскиот ЕХФ-шампионат во Грузија.

.

Србија – Македонија  26:35 (7:16)

Прочитано 1.321 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 3