Во дерби натпревар, Металург 2 го совлада тимот на Преспа

21.10.2018 22:22
_DSC0149_resize

Во дерби натпреварот од 6. коло на Првата лига, група 1, во Автокоманда се сретна екипите на Металург 2 и на Преспа. По голема борба, заслужена победа извојуваа ракометарите на Металург 2, кои противникот го совладаа со минимални 28:27 (16:13).

Иако е извојувана со само еден гол разлика, победата на нашите ракометари е целосно заслужена, бидејќи водевме во текот на скоро целата средба.

На почетокот изгледаше дека Металург 2 денеска ќе има лесна задача, бидејќи релативно рано стекнавме опиплива предност од 4 гола, 6:2. Но, ракометарите на Преспа го возвратија ударот и на средина од првото полувреме нашата предност се стопи на само еден гол, 9:8. До крајот на оваа половина од средбата, Металург 2 сепак успеа да се издвои со три гола предност, па двете екипи на одмор заминаа при резултат 16:13 во наша полза.

Вториот дел мина во жестока битка за секој гол. Преспа полека ја нагризуваше нашата предност, па кон средината на второто полувреме најпрво израмни, а потоа го забележа и своето единствено водство, 19:20. Сепак, кога тоа беше најпотребно, младите ракометари на Металург 2 најдоа сили и се вратија во водство, а на неколку минути до крајот повторно дојдовме до позитива од четири гола, 27:23. До крајот на средбата, Преспа успеа да анулира делн од својата негатива, но не моѓеше да го избегне поразот.

По шест одиграни кола, Металург 2 е втор, со 14 бодови, само два помалку од водечкиот Работнички. Екипата на Преспа се задржа на третата позиција.

.

РК Металург 2 – РК Преспа  28:27 (16:13)

РК Металург 2: Василевски, Божиновски, Кондев 2, Меловски, Кофиловски 4, Гошевски 9, Митиќ, Лембанов 1, Ристовски 5, Л.Додиќ, Младеновиќ 1, Прентовски 1, Тодески, С.Додиќ 4 и Гајиќ 1.    Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 12 минути.

РК Преспа: Савевски, Јошевски 4, Башевски 9, Шабединовски 1, Белчевски, Кулумовски, Шиклевски 4, Ристевски 1, Тасевски 4, Даскаловски 2, Андовски 2, Ставревски и Котевски.    Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Локвенец Златко од Скопје.

.

Табела:

Capture

Прочитано 226 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 4 =