ВО ДЕРБИТО НА ДОЛНИОТ ДЕЛ ОД ТАБЕЛАТА ПОУСПЕШНА ЕКИПАТА НА ПЕЛИСТЕРКА КОЛА

24.05.2012 12:54
logo_slika_zdravje-610x74

Прва победа оствари тимот на Пелистерка Кола. Во дербито на долниот дел од табелата, Пелистерка Кола ја совлада екипата на Рено со резултат 12:6 (6:3).

Видовме две идентични полувремиња во кои Пелистерка Кола создаде вкупна предност од 6 гола. Атанасовски со 5 и Ѓорѓиески со 4 гола беа најпрецизни ракометари на средбата.

Рено – Пелистерка Кола   6:12  (3:6)

Рено: Благопетров, Јовчевски, Ангеловски, Стојанов, Глигоров, Гонев, Марјановиќ, Блажески, Николовски, Симонов, Ковачевски, Панчовски, Пршевски, Стојаноски и Фидановски.         Тренер: Никола Матлиевски.

Пелистерка Кола: Атанасовски, Ристевски, Н.Мајсторовски, М.Мајсторовски, Ступар, Трајковски, Соколов, Томчевски, Сијановски, Папеш, Ѓорѓиески и Данилоски.      Тренер: Слободан Чивлачки.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 166 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 7 =