Во драматичен меч, Металург 2 стигна до првата победа

02.11.2019 23:21
DAR_6474_resize

Во меч од осмото коло, екипата на Металург 2 го совлада тимот на Струга и ја забележа својата прва победа во тековното првенство.

Видовме возбудлив натпревар во кој победата ја обезбедивме буквално во последната секунда. Почетокот на средбата мина во рамноправна игра со повремено водство на двата тима. Струга поведе со 1:3, но Металург врати со серија од 5:0, за 6:3. Сепак, крајот на првиот дел мина во знакот на нашите ракометари, кои на одмор заминаа со предност од три гола, 14:11.

Во второто полувреме Металург 2 создаде максимална предност од 5 голови, 18:13 и 19:14, и се чинеше дека средбата е решена, но лоши десетина минути доведоа до комплетен резултатски пресврт и водство на Струга, 22:23 и 23:24. Сепак, со два едноподруго гола, од кои оној на Митиќ во последната секунда, Металург 2 дојде до вредна победа.

.

Металург 2 – Струга  25:24 (14:11)

Металург 2: Михајлов, Фидановски, Мелоски, Кофиловски 6, Савковиќ 3, Николовски 1, Божиновски, Митиќ 1, Василевски, Стоилевски 5, Ристовски, Георгиевски, Љубевски 1, Стојановиќ 3, Гајиќ 3, Додиќ 2.   Седмерци: 4/7.   Исклучувања: 8 мин.

Струга: Стојаноски, Маркоски 1, Кузманоски 5, Крстаноски 1, Костоски, Савески, Јанкуловски 7, Стојаноски, Ферукоски, Стрезоски, Симоноски 1, Костоски 4, Русески, Новаковиќ 5.    Седмерци: 5/6.   Исклучувања: 8 мин.

Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.

Делегат: Русе Наумовски.

Прочитано 210 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 1