Во драматичен натпревар, Металург е минимално поразен во Охрид

07.04.2021 18:05
DAR_4100_resize

Металург минимално е поразен на натпреварот против екипата на Охрид, во рамките на четвртото коло на македонската Суперлига. Поразени сме со резултат 27:26 (15:12), со гол примен на четири секунди до крајот.

Охрид беше подобрата екипа во првото полувреме. Домаќинот на денешната средба имаше континуирано водство, кое во два наврати изнесуваше максимални четири гола. Но, и Металург имаше свои шанси и двапати дојде на само гол негатива, имаше и напад за израмнување, но полувремето го решија неколку наши грешки после кои Охрид на одмор замина со предност од три гола.

Првата половина од вториот дел е најдобриот период на Металург на денешната средба. Не само што брзо ја елиминиравме негативата, туку и поведовме со три гола разлика, а двапати имавме и напад за максимални четири погодоци. Сепак, во решавачките десетина минути ја испуштивме предноста и влеговме во завршница во која се играше гол за гол. За жал, не ги искористивме последните два напади и дозволивме Охрид најпрво да израмни, а потоа, преку Денис Тот, да постигне гол на само четири секунди до крајот на средбата.

Првенството продолжува, па веќе в сабота ќе имаме нов тежок натпревар, бидејќи во Автокоманда ќе гостува македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер.

.

ГРК Охрид – РК Металург  27:26 (15:12)

ГРК Охрид: Брауновиќ, Андоновски 5, Ивановски 1, Кривокапиќ 1, Блажевски 5, Костов, Чагаљ 1, Николов, Соколов, Младеновиќ 3, Тасевски 3, Манасков 2, Ристоски, Димитриески, Тот 6 и Даниловски.    Исклучувања: 6 минути.

РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Петковски, Поповиќ 6, Кофилоски, Шилегов, Хорват 6, Калуѓеровиќ 3, Серафимов 4, Лазаревски, Тодески, Митиќ, Додиќ 6 и Маркоски 1.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче.

Делегат: Каланоски Славчо.

Прочитано 188 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 2