Во драматичен натпревар, младинците на Металург 2 го совладаа Вардар Јуниор

10.11.2019 16:52
DAR_8056_resize

Во дерби натпреварот од третото коло на младинското првенство на Македонија, група 1, младинците на Металург 2 минимално го совладаа тимот на Вардар Јуниор, со резултат 20:19 (12:8).

Видовме еден од тие натпревари поради кои се сака ракометот, а како што и му прилега тој заврши со вистинска драма на крајот.

Младинската екипа на Металург 2 беше подобриот тим на оваа средба и имаше предност во текот на сите 60 минути. На старт поведовме со 4:1, а во текот на првото полувреме водевме и со 10:6. Токму со разлика од 4 гола и заврши овој период од играта, 12:8.

Во второто полувреме најпрво Вардар Јуниор намали на 13:12, а потоа Металург 2 се врати на разликата од првиот дел, 16:12 и 17:13. Но, како што одминуваше времето, Вардар Јуниор се повеќе се доближуваше до нашиот резултат, па во 56. и 58. минути успеа и да израмни, 18:18 и 19:19. Во последната минута Металург 2 поведе со 20:19 и на противникот му остана половина минута за да се обиде да спаси бод. Но, при нападот ракометарите на Вардар Јуниор направија пробивање и тоа значеше и крај на средбата.

Ракометот е колективен спорт и успехот му припаѓа на целиот тим, но не можеме да не го спомениме нашиот најмлад голман Давид Ацевски, кој одбрани 16 удари меѓу кои и четири од линијата за седум метри и кој е еден од главните “виновници“ за денешниот успех на младинскиот тим на Металург 2.

Во следното коло младинците на Металург 2 повторно ќе играат во Автокоманда, а наш следен противник ќе биде екипата на Еурофарм Работник.

.

РК Металург 2 – РК Вардар Јуниор  20:19 (12:8)

РК Металург 2: Ацевски, Василевски, Божиновски, Михајлов 1, Фидановски 3, Кофилоски 6, Савковиќ 1, Митиќ 3, Мирчески, Попов, Ристовски 5, Георгиевски, Танев, Додиќ 1 и Ефтимов.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 10 минути.

РК Вардар Јуниор: Гјогов, Мишевски 2, Чакалиќ 9, Тркалевски, Миндошев, Стојкоски, Петков, Димитријевски, Грујовски 1, Србиновски, Савревски 1, Пешевски, Димчевски, Киселовски 5, Калајџиески 1 и Михајловски.    Седмерци: 4/8.    Исклучувања: 14 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 456 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 5 =