Во драматичен натпревар, Шампион и Металург РА ги поделија бодовите

27.02.2021 19:07
DAR_2692_resize

Во натпревар од првото коло на плејофот на Првата лига, екипите на Шампион и на Металург РА ги поделија бодовите. Видовме навистина драматичен натпревар, кој заврши со резултат 26:26 (15:11).

Домашниот состав имаше предност во најголем дел од средбата. Водеше со 5:2, 8:5 и 12:9, а првото полувеме го заврши со 15:11.

На почетокот на вториот дел Шампион имаше и максимални +5, 17:12. Но, токму тогаш Металург РА почна да се враќа во игра. Најпрво, со серија од 3:0, намали на 17:15, а потоа и го израмни резултатот, при 20:20. До крајот на средбата се играше гол за гол, а своето прво водство, кое за малку ќе станеше и победничко,  нашиот тим го имаше во последната минута, во која влезе со резултат 25:26. Бодот за Шампион го спаси Дрпљанин, со својот десети гол, овој пат од пенал.

Во рамките на второто коло, кое ќе го одигра на 7 март, Металург РА во Автокоманда ќе ја пречека екипата на МРК Куманово.

.

РК Шампион – РК Металург РА  26:26 (15:11)

РК Шампион: Игнов 2, Манојлоски, Мишоски, Даев 3, Кочаров 2, Стефановски, Ацев, Јанаќиевски, Налетовски, Ивчески, Мојсовски, Миланов 4, Олтовски 3, Сарашов 2 и Дрпљанин 10.    Седмерци: 7/9.     Исклучувања: 12 минути.

РК Металург РА: Брестовац, Ацевски, Димевски 8, Фидановски 1, Тричковски 1, Христоски, Николов 4, Андревски 4, Ристовски 1, Георгиевски 1, Шкријељ, Мандиќ 1, Прцуловски 4, Петровски 1 и Таневски.     Седмерци: 3/6.      Исклучувања: 10 минути.

Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев.

Делегат: Владимир Саздовски.

 

Прочитано 247 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 13