ВО ФИНАЛЕТО МЕТАЛУРГ ПОВТОРНО ЌЕ ИГРА ПРОТИВ ХАСЛУМ

08.09.2012 21:58
17782_458930027451526_1144616643_o

Во реприза од ланското финале, Металург за влез во Лигата на шампиони ќе мора да го совлада Хаслум. Тоа е епилогот од денешните полуфинални средби во Норвешка.

Металург денеска одигра безмалку рутински натпревар против шампионот на Австрија, Алпла Хард. Од самиот почеток создадовме предност недостижна за нашиот противник. Во 13-та минута беше 5:2, во 22-та веќе 7:3, за во 28-та да биде 10:3. На полувреме екипите заминаа со резултат 10:5 за нашиот тим.

Австријците се заканија во почетокот од вториот дел и дури стигнаа до прифатливи -3, при резултат 14:11. Сепак, тоа беше сѐ од нивните понатамошни амбиции, бидејќи Металург набргу ја достигна разликата од првиот дел, 18:13. На крајот извојувавме победа со резултат 25:19.

РК Металург – Алпла Хард 25:19 (10:5)

РК Металург: Станиќ, Ангелов,Димовски 3, Георгиевски 1, Козлина 4, Манасков 1, Миркуловски 3, З. Мојсоски 1, Додер 2, Н. Мојсовски 6, Батиновиќ 4, Алушовски, Јоновски, Левов, Маркоски и Наумовски. Седмерци: 4/5. Исклучувања: 10 минути.

Многу поинтересна беше втората полуфинална средба, помеѓу домашниот Хаслум и украински Динамо Полтава.

Првото полувреме им припадна на Украинците, со резултат 13:9. Високото водство на противникот, Хаслум го анулира веќе во првите десетина минути и до крајот на регуларниот дел ја имаше контролата врз резултатот. Сепак, во последната минута Украинците го израмнија резултатот на 24:24, па се играа продолженија. Првото продолжение заврши со резултат 26:25 за Хаслум, кој во второто продолжение успеа да дојде до конечната победа, 29:27.

Утрешното финале се игра со почеток во 16.30 часот, а пренос ќе врши норвешката телевизија ТВ 2 Спорт.

Прочитано 1.359 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − = 0