Во извонреден натпревар, младинците на Металург го совладаа Работнички

06.10.2019 13:49
DAR_4584_resize

Одличен натпревар гледавме претпладнево во Автокоманда. Се сретнаа младинските екипи на Металург и на Работнички, во рамките на првото коло на младинското првенство на Македонија, група 2.

Видовме цврст и динамичен натпревар, долго време рамноправен, но кој на крајот сепак му припадна на Металург.

Првото полувреме мина во рамноправна борба. Почетокот му припадна на противничкиот тим, но како што одминуваше времето така иницијативата постепено премина кај Металург. Првото полувреме заврши со минимално водство на нашиот тим, 15:14.

Во вториот дел се разгоре голема борба, но Металург беше тимот кој имаше целосна контрола врз резултатот. Во 48. минута ги имавме максималните +7, 27:20, и уште тогаш се насети дека бодовите ќе останат во Автокоманда. И покрај тоа што Работнички вложи многу напор да се врати во игра, конечните 30:25 се реални и заслужени.

Одличен тим има овој кадетско/младински Металург, веројатно најдоброто што во моментот го имаме во клубот, а се однесува на помладите категории. Наши “први виолини“ денеска беа Тодески и Андревски. Првиот постигна осум, а вториот шест голови.

Во следното коло младинците на Металург ќе играат повторно дома, а наш следен противник ќе биде екипата на Бутел Скопје.

.

РК Металург – РК Работнички  30:25 (15:14)

РК Металург: Брестовац, Стојчевски, Димевски 1, А.Вељановски, Крстев 1, Стојковиќ 2, Николовски 1, Петровски, Ташевски 2, Б.Вељановски 1, Петковски 2, Мелоски 2, Николов 4, Шкријељ, Андревски 6 и Тодески 8.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 4 минути.

РК Работнички: Петковски, Перчуклиевски, Осман 3, Михајловиќ 2, Фиданов, Стефаноски 1, Темелков 4, Кочаров 1, Ступар, Јосифовски, Илиевски 13, Ботевски, Фичорски 1 и Џепароски.    Седмерци: 4/7.    Исклучувања: 10 минути.    Црвен картон (2х2 мин): Илиевски во 55. минута.

Судии: Иво Ѓоршиевски и Бобан Стојановски од Скопје.

Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

Прочитано 512 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 5 =