Во крајно израмнет и неизвесен натпревар, младинците на Бутел го совладаа Металург

17.10.2019 23:58
DAR_5865_resize

Во рамките на второто коло на младинската лига, група 2, младинците на Металург загубија од тимот на Бутел. Средбата се одигра во Автокоманда, а заврши со резултат 28:29 (15:17) во полза на Бутел.

Видовме крајно израмнет, неизвесен и борбен натпревар, во кој ниту еден од тимовите немаше водство поголемо од два гола и во кој резултатот беше израмнуван дури 17 пати.

Во првото полувреме, и покрај израмнетоста, Бутел имаше минимална предност во најголемиот дел од полувремето. При негатива од еден гол, Металург погреши во нападот и прими гол, па екипите на одмор заминаа при резултат 15:17.

Во вториот дел Металург не само што го достигна резултатот на противникот, туку и поведе со два гола разлика, 20:18. Имавме дури две можности да ја зголемиме разликата, но не ги искористивме, па му дозволивме на противникот да израмни. До крајот се водеше жестока борба за секој гол. Во завршницата влеговме со гол предност и напад, но не реализиравме во следните две акции, а нашите грешки ги искористија ракометарите на Бутел и со два гола ја добија средбата. Имавме и напад за израмнување, но топката го погоди противничкиот голман.

Во следното коло ќе и гостуваме на екипата на Струга.

.

РК Металург – РК Бутел  28:29 (15:17)

РК Металург: Брестовац, Стојчевски, Димевски 3, Андовски 1, Крстев, Николовски, Петровски, Ташевски 1, Вељановски 3, Петковски 3, Меловски, Николов 8, Шкријељ, Андрески 3, Стојковиќ 1 и Тодевски 5.   Седмерци: 5/6.  Исклучувања: 4 мин.

РК Бутел: Симјановски, М.Трајковски 3, Божиновски 6, Ангелов, Миланов 10, Ацев, Крстевски, Јовановски, Д.Трајковски 2, Цветковски, Дрпљанин 6, Трајановски, Златановски, Олтовски 2, Бојковски и Спасовски.   Седмерци: 2/2.  Исклучувања: 4 мин.

Судии: Огњановски Марко и Савиќ Дејан од Скопје.

Делегат: Белимов Кристијан од Скопје.

Прочитано 460 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 8