Во Маврово, јуниорите ја совладаа Црна Гора

13.07.2018 09:23
mkd-mne-(1)

Јуниорската репрезентација на Македонија, предводена од селекторот Данило Брестовац, ја совлада селекцијата на Црна Гора на првиот од двата закажани пријателски натпревари. Мечот се одигра во Маврово, каде се подготвуваат нашите јуниори, а заврши со резултат 31:28 во полза на нашите ракометари.

Втората средба меѓу истите противници ќе се одигра денеска, со почеток во 17 часот, повторно во Маврово.

Двете репрезентации се домаќини на по еден турнир од ЕХФ-шампионатот, па овие два натпревари се добар тест за двете репрезентации пред почетокот на шампионатот.

ЕХФ Шампионатот почнува следниот петок, а Македонија е во група со селекциите на В. Британија, Украина, Швајцарија и на Италија

Прочитано 67 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 7