Во Нашице, Металург загуби од екипата на Нексе

20.02.2020 19:20
87280130_175663333864812_1582161017205424128_n_resize_resize

Металург, во рамките на подготовките за вториот дел на сезоната, денеска гостуваше во Нашице, каде одигра пријателски натпревар со екипата на Нексе.

По голема борба, Нексе не совлада со резултат 32:28 (13:12)

Металург одигра одлични 30 минути во кои имаше мала, но постојана предност. Домашниот состав дури во последната минута успеа да стекне минимална предност и на одмор да замине при резултат 13:12.

Бидејќи резултатот на овие пријателски средби е во втор план, тренерот Кастратовиќ во второто полувреме им даде можност да играат и ракометарите кои обично имаат помала минутажа.

Нексе ја искористи својата шанса и до крајот стигна до победа од четири голови разлика.

Ова беше нашиот последен пријателски натпревар на овие подготовки и в сабота Металург ќе тргне кон Скопје.

РК Нексе – РК Металург  32:28 (13:12)

.

Фото:

Прочитано 349 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 4 =