Во Пореч, Металург убедлив против екипата на Изола (Словенија)

08.03.2016 12:43
7_resize

Во рамките на подготовките во Пореч, Металург го одигра и првиот пријателски натпревар. Наш прв противник беше словенечкиот суперлигаш Истрабенз плини Изола, кој го декласиравме со резултат 35:23 (18:12).

Металург беше подобриот тим во текот на целата средба и му дозволи на противникот само трипати да го израмни резултатотво воведните неколку минути.

Веќе по првото полувреме имавме недостижна предност од шест гола разлика, која во вториот дел ја надополнивме со уште шест.

Во составот на Металург играа сите ракометари, а стрелци за нашиот тим беа: Костески 7, Кузмановски 4, Крстевски 4, Шаин 3, Маџовски 3, Матиќ 3, Велковски 3, Талески 2, Бувиниќ 2, Петров 1, Палевски 1, Матијашиќ 1 и Јагуриновски 1.  Даниел Дупјачанец одбрани 8 удари, а Мартин Томовски 9.

Иа­ко ти­мот на Изо­ла не е ме­ѓу во­деч­ки­те еки­пи во сло­ве­неч­ко­то пр­венс­тво, за­до­во­лен сум од игра­та и од при­ста­пот што го имаа игра­чи­те на те­ре­нот. Оди­грав­ме до­бар и цврст нат­пре­вар, во кој ак­цент бе­ше ста­вен на игра­та во од­бра­на. Ме­ну­вав­ме по­ве­ќе од­бран­бе­ни фор­ма­ции, ком­би­ни­рав со си­те ра­ко­ме­та­ри и за­до­во­лен сум од оди­гра­но­то“, из­ја­ви Чер­вар.

Фото:

Прочитано 937 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 14