Во пријателски натпревар, Металург 2 е минимално поразен од тимот на Аеродром

05.09.2020 15:38
DAR_6880_resize

Во пријателски натпревар меѓу две прволигашки екипи, Металург 2 е совладан од тимот на Аеродром, кој славеше со резултат 27:29 (14:15).

Видовме интересен натпревар во кој Аеродром беше за нијанса подобар и поспретен и заслужено ја однесе победата.

Металург 2 прв дојде до посериозна предност, 6:2, која во 10. минута изгледаше како комотна, но веќе во 15. минута семафорот покажа 6:6. Во 17. минута Аеродром за прв пат стекна резултатска предност, 7:8, и својата предност не ја испушти до крајот на натпреварот. Во 21. минута Аеродром имаше максимални +4, 7:11, а првото полувреме заврши со резултат 14:15, во полза на Аеродром.

Второто полувреме не смени ништо, па Металург 2 го забележа својот втор пораз во подготвителниот период, по поразот од Јуниор К.В. Нашиот млад тим има и една победа, против екипата на Работнички.

Металург 2 – Аеродром  27:29 (14:15)

Прочитано 341 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 6