Во пријателски натпревар, Металург 2 подобар од Драчево

12.09.2020 16:22
DAR_7417_resize

Екипата на Металург 2 го одигра својот четврти пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона и ја извојува втората победа, овој пат против тимот на Драчево. Металург 2 победи со резултат 33:28 (16:15).

И двете екипи во првото полувреме имаа свои периоди и свои водства, но Металург 2 почесто имаше резултатска контрола, а во 22. минута ја имаше и максималната предност од 4 гола, 13:9. Иако истата позитива нашиот тим ја имаше и при 14:10, до крајот на првиот дел успеавме да ја загубиме и на одмор заминавме со минимални 16:15.

Сепак, квалитетот на Металург 2 дојде до израз во вториот дел, па на крајот славевме со разлика од 5 гола, 33:28.

Во досегашниот подготвителен период, Металург 2 ги совлада екипите на Работнички и на Драчево, а загуби од Јуниор К.В. и од Аеродром.

Прочитано 412 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 7 =