- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 5 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 5 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 6 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 6 months
Во пријателски натпревар, Металург го надигра тимот на КЛ7

Во Автокоманда вечерва се одигра пријателски натпревар меѓу Металург и екипата на КЛ7.
Двете екипи се наоѓаат во фаза на подготовки за продолжението на сезоната, па во таа смисла секој од тренерите испроба повеќе тактички варијанти, со разни постави на теренот.
Во првиот дел се играше рамноправно и ниту еден тим не направи обид да го добие натпреварот во раната фаза. Првото полувреме заврши со израмнети 12:12.
Се се измени во вториот дел. Металург заигра многу подобро, конечно решен да забележи победа во овој дуел. И покрај обидите да парира, КЛ7 веќе не можеше да го следи темпото на домашната екипа, па разликата многу брзо се искачи на 5-6 гола, за да на крајот имаме и предност од 11 гола.
Веќе в сабота Металург ќе ја одигра и третата пријателска средба, а овој пат во Автокоманда ќе гостува екипата на Врање.
Металург – КЛ7 30:20 (12:12)
Стрелци за Металутг: Поповиќ 2, Јагуриновски 4, Лазаревски 1, Чантурија 4, Пецаковски 3, Маркоски 1, Шилегов 2, Кбилашвили 2, Арсеновски 1, Кондев 3, Серафимов 4, Младеновиќ 2 и Вујовиќ 1.
Стрелци за КЛ7: Ѓорѓиев 4, Димовски 2, Стојков 4, Симоновски 3, Бучески 2, Даев 2, Василев 1 и Илиески 2.