Во пријателски натпревар, Металург го совлада тимот на Бутел

12.02.2019 21:22
_DSC0076_resize

Во пријателски натпревар, вечерва Металург во Автокоманда го совлада тимот на Бутел, со резултат 30:26 (14:16).

Металург на оваа средба настапи без Шпенде и без Лазаревски, а отпорот на гостинскиот тим беше скршен дури во второто полувреме

Во првото полувреме подобар впечаток остави тимот на Бутел. Се играше без посебен жар и со доста технички грешки, особено на ракометарите на Металург. Бутел ја искористи неинвентивната игра на нашите ракометари и создаде предност, која ја задржа до крајот на првиот дел. Во 23. минута гостите ги имаа највисоките +5, 8:13, а првото полувреме заврши со резултат 14:16 во полза на Бутел.

Работите се променија во второто полувреме во кое Металург влезе со серија од 4:1, за водство од 18:17. Од тој момент се промени и карактерот на играта на двата тима, кои заиграа крајно мотивирано и со многу блиски контакти. Во еден момент, кон средината на второто полувреме, дојде до мал инцидент во кој учествуваа ракометарите на двата тима. Средбата имаше неколкуминутен прекин и продолжи без по двајца ракометари на двата тима, кои заработија црвени картони.

Конечниот резултат е 30:26.

Металург в сабота ќе одигра уште еден пријателски натпревар, повторно во Автокоманда. Противник ќе ни биде тимот на Тинекс Пролет, а средбата е закажана со почеток во 11.30 часот.

.

РК Металург – РК Бутел  30:26 (14:16)

РК Металург: Томовски, Даниловски, Дупјачанец, Арсеновски 2, Танкоски 4, Серафимов 3, Маџовски 3, Пучник 2, Младеновиќ 1, Шилегов 4, Токиќ 5, Јагуриновски 1, Стојановиќ, Димитриоски 4, С.Додиќ и Миличевиќ 1.    Седмерци: 4/6.   Исклучувања: 8 минути.   Црвени картони: 2.

Прочитано 555 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 8