Во пријателски натпревар, Металург загуби од Вардар

09.10.2020 22:33
DAR_2947_resize

Металург и Вардар денеска одиграа пријателски натпревар, во рамките на подготовките на двете екипи за своите европски настапи. Средбата, во која резултатот беше во втор план, ја загубивме со резултат 37:28 (17:13).

Металург многу подобро ја отвори средбата и во првите десетина минути имаше комотна предност од четири гола, 2:6. Но, предноста се стопи, откако влеговме во серија на грешки и му дозволивме на Вардар да го сврти резултатот и прв пат да поведе дури во 20. минута, 10:9. Неколку минути подоцна Металург повторно ја врати предност и последен пат водеше со резултат 12:13. Сепак, денешните наши 16 технички грешки ја решија средбата. Вардар до крајот на првите 30 минути стекна предност од 4 гола, 17:13, која на крајот од натпреварот успеа да ја зголеми на конечните +9.

Металург ќе ги продолжи подготовките за својот прв настап во групната фаза на Лига Европа, каде на 20 октомври и гостуваме на екипата на Тулуз.

Прочитано 489 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 8 = 1