Во Пробиштип, Металург 2 го совлада тимот на Весна Акумулатори

04.11.2018 23:16
DSC0039_resize2

Во осмото коло на Првата ракометна лига, во Пробиштип Металург 2 го совлада тимот на Весна Акумулатори и ја продолжи трката за првото место во групата 1, каде во моментот води Работнички, со два бода повеќе од нашиот тим.

Металург 2 важеше како сигурен фаворит пред овој натпревар и таа своја улога ја оправда, но мора да се истакне и дека домашниот тим пружи силен отпор, особено во првото полувреме, кое го добивме со минимални 13:14.

Во вториот дел дојде до израз квалитетот и подобрата физичка подготовка на ракометарите на Металург 2, кои на крајот славеа со убедливи +9, 25:34.

Во следното коло ќе се одигра решавачкото дерби меѓу двете првопласирани екипи, а домаќин ќе ни биде тимот на Работнички. Првата средба во Автокоманда заврши нерешено, со резултат 26:26 (14:12).

.

РК Весна Акумулатори – РК Металург 2   25:34 (13:14)

РК Весна Акумулатори:  Милосов, Петковски 1, Трајковски, Ефтимов 3, Доневски, Савевски, Спасовски 3, Арсов 3, Петров 3, Пешовски 3, Стојменовски 1, Савковиќ 6, Попов 1, Стојчов, Атанасов 1 и Илиевски.   Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 8 минути.

РК Металург 2: Божиновски, Михајлов 2, Кондев 3,Меловски 1, Кофиловски 2, Гошевски 4, Митиќ 2, Лембанов, Василевски, Л.Додиќ 1, Прцуловски, Младеновиќ 7, С.Додиќ 3, Гајиќ 3, Мијатовиќ и Шилегов 6.   Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 6 минути.

Судии: Василевски Ѓорги од Скопје и Јовановски Иван од Штип.

Прочитано 240 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 9