Во рамноправна игра Металург е поразен на гостувањето кај Железничар

27.02.2019 19:31
LAV_0491_original_resize

Металург вечерва е поразен на гостувањето кај екипата на Железничар од Ниш, со што е прекината низата на гостински победи на нашиот тим. Металург загуби во рамноправен натпревар, а пресудни беа неколкуте мини-периоди во кој не постигнувавме голови и правевме непотребни технички грешки. Мора да се истакне дека нашиот тим денеска ја немаше и потребната доза на среќа, бидејќи дури шест удари на наши ракометари завршија во стативата или во пречката. Во целина одигравме добар и храбар натпревар, а имавме и цела низа шанси да го преокрениме резултатот, но за жал не успеавме.

Се до 18. минута, кога беше 8:8, средбата беше апсолутно рамноправна, со повремени водства на двете екипи, а потоа дојде првиот кризен период во кој направивме неколку грешки во серија и не реализиравме од неколку изгледни ситуации, што противникот го искористи и, со серија од 4:0, дојде до комотна предност, 12:8. Овој наш лош период стана и решавачки за натпреварот, бидејќи оваа разлика се провлече низ целиот остаток од средбата. При крајот на првото полувреме Железничар стекна максимална предност од пет гола, но со два едноподруго голови на Металург на одмор заминавме со негатива од три гола, 16:13.

Металург на почетокот на вториот дел намали на 16:14, а потоа имаше и две шанси да дојде до негатива од само еден гол. За жал, шансите не ги искористивме и му дозволивме на домашниот тим повторно да се врати на безбедни +4, 18:14. Металург не се предаде и во 50. минута стигнавме на само чекор од резултатот на Железничар, 22:21. Повторно имавме можност да го израмнеме резултатот, но – денеска навистина немавме среќа. Едно промашување од крило и уште една пречка во долгата низа не однесоа во пораз.

.

РК Железничар Ниш – РК Металург  27:25 (16:13)

РК Железничар Ниш: Стошиќ (9 одбрани), Лазиќ, Миловановиќ 2, Станојевиќ, Сретеновиќ 3, Маџар, Вејин 6, Милосављевиќ, Живковиќ 4, Спасиќ 2, Марковиќ 3, Јефтиќ 1, Божовиќ, Кљајиќ 3, Пизурица и Павловиќ 3.    Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 6 минути.

РК Металург: Дупјачанец (11 одбрани), Даниловски, Јагуриновски 2, Лазаревски, Димитриоски 4, Токиќ 3, Шилегов 2, Танкоски 4, Серафимов 3, Чориќ 1, Младеновиќ, Пучник 2, Миичевиќ 1. Маџовски 2, Стојановиќ 1 и Арсеновски.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 12 минути.

Прочитано 114 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 17