ВО РОВОВСКА БИТКА ПОБЕДЕН Е ЦВРСТИОТ ТИМ НА ДИНАМО МИНСК

21.10.2013 03:31
MJI_9071_resize

za tekst

Знаевме дека не очекува исклучително тежок натпревар, со квалитетна и мотивирана екипа, која, според зборовите на тренерот Дениќ, во Скопје допатува да победи. Така и бидна. Видовме рововска битка на две екипи, свесни за значењето на средбата, битка во која сепак победивме ние. Видовме натпревар во кој потфрлија одбраните, особено чуварите на голот, но и натпревар во кој блескаа напаѓачите на двете екипи. Металург во последните две средби (Барселона и Динамо Минск) прими невообичајно многу голови, 64, и е на добар пат да го загуби приматот – најдобра одбрана во Лигата на шампионите од последните две сезони.

Драматичноста на натпреварот ќе се обидиме да ви ја прикажеме хронолошки:

00. 51: Противникот го има првиот напад. Никуленков го открива резултатот, 0:1.

Бундало добива опомена.

02.03: Го користиме својот втор напад – прв гол на Атман, 1:1.

Инцидентна ситуација на нашата половина, исклучени се Бундало и Маркоски.

03.10: По асистенција на Шелменко, гол на Доборац, 1:2.

03.45: Вугринец го израмнува резултатот, 2:2.

04.17: Прв гол на Денис Рутенка, 2:3.

Одбрана на Пејановиќ по ударот на Вугринец.

05.49: Георгиевски реализира контра и го израмнува резултатот, 3:3.

Станиќ го сопира ударот на Никуленков.

06.39: Уште еден гол на Георгиевски и прво водство на Металург, 4:3.

07.09: Шелменко го израмнува резултатот, 4:4.

07.35: Прв гол на Наумче Мојсовски, за 5:4

07.49: Брз центар на противникот и гол на Нинчевиќ, 5:5.

Атман лежи на паркет, му се укажува помош.

08.46: Втор гол на Вугринец, 6:5.

09.21: Втор гол на Доборац и ново израмнување, 6:6.

09.31: Манасков и Георгиевски реализираат брз центар, а Гоце го постигнува својот трет и последен гол, 7:6.

10.44: Шелменко го постигнува својот втор гол, 7:7.

11.29: Гол на Денис Рутенка и ново водство на противникот, 7:8.

Станиќ оди на клупа, место него на голот е Раде Мијатовиќ.

Седмерец за Металург, по грубиот старт над Атман.

12:11: Вугринец реализира седмерецот. Негов трет гол и ново израмнување, 8:8.

12.51: Манасков пресекува топка и реализира контра, 9:8.

13.28: Трет гол на Рутенко и деветто израмнување на резултатот, 9:9.

14.31: Атман ја губи топката, а Рутенка казнува со својот четврти гол, 9:10

16.14: Бомбач во својот прв напад постигнува гол, за највисоко водство на гостинскиот тим, 9:11.

17.18: Серијата на противникот ја прекинува Ванчо Димовски, 10:11.

18.05: Немаме лек за Денис Рутенка, кој го постигнува својот петти гол, 10:12.

Исклучен е Дорошчук.

18.53: Четврти гол на Вугринец, 11:12.

19:28: Примаме гол со играч повеќе, стрелец Нинчевиќ, 11:13.

19.55: Гол на Атман, 12:13.

21.19: Нинчевиќ постигнува нов гол за противникот, 12:14

21.29: Брз центар на Металург и втор гол на Наумче Мојсовски, 13:14.

22.16: Капитенот ги презема работите во свои раце – трет гол на Мојсовски, 14:14.

Тајм-аут за Динамо Минск.

Вугринец го фаулира Бомбач и е исклучен на две минути. Седмерец за Динамо Минск.

Мијатовиќ го брани ударот на Нинчевиќ.

24.00: Мојсовски ја погодува пречката, а Нинчевиќ во брз контранапад постигнува гол, 14:15.

24.59: Металург се комплетира и во истиот момент Димовски го постигнува својот втор гол, 15:15.

25:25: Повторно Нинчевиќ, 15:16.

26.02: Димовски како во најдобрите денови, негов трет гол – 12. израмнување на средбата, 16:16.

26.36: Шести гол на Нинчевиќ, по асистенција на Бомбач,  16:17.

27.21: Нов гол на Атман и ново израмнување, 17:17.

Мијатовиќ го сопира ударот на Агирезабалага.

28.28: Гоце Ојлески, кој го замени Манасков, постигнува гол и ни го враќа водството, 18:17.

29.12: Нинчевиќ фаулира во напад, а Ојлески го постигнува својот втор гол, за наше највисоко водство, 19:17.

29.30: Нашата серија ја прекинува Бомбач, 19:18.

Червар бара тајм-аут.

29.53: Гол на Наумче Мојсовски, 20:18.

Крај на првото полувреме.

Одбрана на Пејановиќ.

30.52: Контра на Динамо – гол за Бундало, 20:19.

31.47: Враќа Мојсовски, 21:19.

Шелменко шутира над голот.

33.30: Повторно Мојсовски снова за наше највисоко водство, 22:19.

34.08: Шести гол на Рутенка, 22:20.

35.01: Гол на Ојлески од исклучително тешка позиција, 23:20.

Никуленков ја погодува стативата.

35.53: Феноменалниот Ојлески ни носи највисоко водство, 24:20.

Лошо изведен цепелин меѓу Рутенка и Доборац, жолт картон за тренерот Дениќ.

37.42: Блокиран ударот на Вугринец и контра на противникот. Гол за Доборац, 24:21.

38.42: Само што влезе – Пецаковски постигнува гол,25:21.

Фаул над Рутенка и седмерец за Динамо.

39.11: Доборац го лобува Станиќ, 25:22.

39.56: Атман ја погодува пречката, а во противнапад гол постигнува Шелменко, 25:23.

Пенал за Металург, но Пејановиќ го брани ударот на Вугринец.

41.43: Продолжува црната серија – гол на Никуленков, 25-24.

Пејановиќ брани два удари едноподруго.

43.43: Шелменко го израмнува резултатот, а Динамо прави серија од 4:0, 25:25.

Мијатовиќ го брани ударот на Бундало.

44.49: По шест посни минути на Металург – гол на Вугринец, 26:25.

45.24: Николенков за последен пат го израмнува резултатот, 26:26.

46.01: Експлозивен пробив на Павел Атман, за 27:26.

Мијатовиќ го брани ударот на Нинчевиќ.

Вугринец промашува.

Миклавчиќ ја погодува стативата.

Нервозниот Нинчевиќ е исклучен на две минути.

48.24: Атман го постигнува својот петти гол, 28:26.

Грешка на противникот, но во противнапад Георгиевски ја погодува стативата.

Уште една лоша акција на противникот.

51.22: Браво Ојлески – 29:26.

Тајм-аут за Борис Дениќ.

52.33. Бундало ја прекинува нашата серија, 29:27.

Вугринец прво промашува, но потоа го прекинува контранападот на противникот.

Тајм-аут за Лино Червар.

54.02: Шести гол на Наумче Мојсовски, 30:27.

55.54: Седми гол на нашиот капитен, 31:27.

Статива на Шелменко.

57.03: Гол на Атман, за наше највисоко водство на средбата, 32:27. Се чини – се е готово.

57.14: Брз центар на Динамо и гол на Рутенка, 32:28.

Быстрый ответ Рутенко, 32:28.

58.07: Димовски, со својот четврти гол, ја заверува победата, 33:28.

59.15: Седмерец за Динамо. Доборац прецизен, 33:29.

Крај на натпреварот.

——————————————————————————————————————————————————————————————

Металург – Динамо Минск 33:29 (20:18)

Сала: “Борис Трајковски” во Скопје. Гледачи: 7.000.

Металург: Станиќ (2 одбрани), Мијатовиќ (5+1 одбрани), Ојлески 5/5, Димовски 4/7, Пецаковски 1/3, Вугринец 6/12 (1/2), Георгиевски 3/4, Манасков 1/2, В. Маркоски, З. Мојсоски, Н. Маркоски, Н. Мојсоски 7/10, Атман 6/9, Кеџо, Јоновски, Мандиќ. Тренер: Лино Червар.    Седмерци: 1/2.      Исклучувања: 4 мин.      Загубени топки: 2.

Динамо Минск: Пејановиќ (8+1 одбрани), Богданов, Рутенка 7/7, Бомбач 2/2, Шелменко 4/6, Дорошчук, Маркелау, Никуленкау 3/5, Миклавчич 0/1, Доборац 5/7 (2/2), Агирезабалага 0/2, Стецјура, Нинчевиќ 6/8 (0/1), Бундало 2/4, Нахаенко, Броука. Тренер: Борис Денич.       Седмерци: 2/3.        Исклучувања: 6 мин.        Загубени топки: 8.

Судии: Добровиц и Тајок од Унгарија.

Делегат: Јосип Посавец од Хрватска.

Прочитано 1.877 пати

(10) Коментари

  1. Cestitki za pobedata.

    Slucajot so Stanic pod itno da go resite. Stanic e dusata i srceto na ekipata. Minco neka prezeme sto treba.

    • Станиќ гитла на клоци надвор од клубот. Таков однос не смее да се дозволи од никого, ни под разно, без оглед колку добар голман е. Он е добар голман но лош спортист и човек. Само нека се подсети на времето кога сите во Европа го викаа Нарко Станиќ, нека се сети дека во Автокоманда му се даде шанса да си ги врати кариерата и животот назад. Битанга.

  2. Cestitki za teskata pobeda sekoja cest .Rezultatot e mnogu podobar od igrata sto ja prikaza Metalurg da se primaat tolku lesni golovi nikogas ne sum videl do sega. Padnat e nekako moralot atmosverata ne e onaa stara. Kako da postojat nekoi konflikti koi se odrazuvaat na ambientot medju igracite.

    • Поубаво напишано здравје. Целосно се согласувам, навистина се чувствува дека нешто не е како што треба. Ве молам средете се, го сакам клубот за кој навивам назад.

  3. Postapkata na Stanic e za sekoja osuda, kakov e toj profesionalec da gi ostavi negovite igraci i celata publika na cedilo, da ne saka da brani i da gi odbiva naredbite na trenerot. Ako ne sakal da brani togas trebalo da kaze na vreme i da vleguva vo sostavot na ekipata, a sega vaka proizleguva deka toj sakal da mu nastesti na klubot i so negovite postapki da pridonese da klubot go izgubi natprevarot. Sraqmota ako ima problemi so upravata tie ne se resavaat na teren , tuku vo kancelarija ako ne znael, Ne moze site igrachi da se borat i da ginat na teren a toj da se isponasa pred cela javnost. Ova e sramota i e za sekoja osuda. Klubot treba vednas da prevzeme disciplinski merki protiv nego, pa ako saka i neka e Sveti Stanic. Toj koga go potpisa dogovorot nikoj ne mu gi vadese zborovite od usta da go fali klubot, a posle otkako dobi podobra ponuda od Vardar da pluka po klubot. Se gleda negovata namera deka po sekoja cena saka da si zamine vo Vardar kade sto sekoj den pie kafe so Samsonenko.

  4. izbrkajte go toj stanic veke ednas ne moze da se ponasa kako saka bez sekogo se moze

  5. Pod itno da se resat problemite so Stanic,nezadovolstvoto sto tlee vo nego , mora da se nadmine… za sto konkretno stanuva zbor znaete samo vie- no za sekoj problem mora da ima resenie. Kako sto izjavi i Stanic za mkd.mk ,,problemite ne treba da se stavaat pod tepih,,.
    Pozdrav do vas i ne dozvoluvajte najdobriot vas igrac da pravi vakvi ispadi ,ako ste seriozen klub-resete go problemot i krenete ja atmosferata vo ekipata…sledat utakmici so Vardar … nema da bide lesno voopsto.

  6. sa srecom pobeda medjutim vidi se da nesto u ekipi ne stima oni koji su odgovorni u timu molim odma reagujte i resite problem za dobro makedonskog sporta jer nama ljubiteljima sporta u Makedoniji ostao nam je samo jos rukomet ostali sportovi su propali molim vas resite ovo da mi navijaci mozemo da uzivamo gledajuci vas i naravno vardar jer i on je nas SRECNO

  7. …..nesto se krcka sto vikat starite mislam deka ne e na arno nemoj da ispadne kako u mak fudbalot sekako deka ce pukne ednas sekoja utakmica istite rakometari go nosat i tovarot i odgovornosta klupa nema isto taka otpustanjeto na Rakcevic bese edna golema greska….

  8. Mislem deka ovde ‘vodata ja mati’ gazdata na Vardar Segej Samsonenko. Toj najverojatno mu ja polni glavata so 6 a mozebi duri i 7 cifren dogovor na Stanic. Megjutoa taka si e i vo fudbalot.Gledajte Kristijano bese nesrekjen vo Real pa go “usrekjija”.Isto kako i Mesi so zgolemuvanje na platata.Zosto bi mu se lutele na Stanic za takvo nesto koga i toj e covek sto razmisluva i za idninata pa i toj zasluzuva pokacuvanje.Pozdrav

Напишете коментар


7 − = 3