Топ Вести

Во СЕХА-лигата и официјално ќе игра – клуб од Кина

19.04.2019 15:04
1

Регионалната СЕХА-лига во своето деветто издание ќе биде проширена до 12 учесници, а еден од новајлиите во лигата ќе дојде од далечната Кина. Се работи за Пекинг Спортс Универзитет, кој својата база ќе ја има во Загреб.

Деветтата сезона во СЕХА ќе донесе многу новитети во лигата, а еден од нив ќе биде учеството на кинескиот тим Пекинг Спортс Универзитет, кој ќе се натпреварува од новата сезона. Ова е почеток на една нова ера во регионот и во СЕХА-лигата. Нашата цел е да го развиваме ракометот и да внесуваме нешто ново, нешто револуционерно. Со ова се отвораат нови хоризонти и нови пазари во југоисточна Европа, но исто така и надвор од границите на Европа“, изјави претседателот на лигата, Михајло Михајловски.

Прочитано 312 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 6 =