Во следните два дена екипите на Металург ги играат натпреварите од 2. коло на македонската Суперлига

12.09.2019 20:21
DAR_2032_resize

Утре Металург 2, а задутре Металург, ќе ги одиграат своите натпревари од второто коло на македонската Суперлига. Двете средби ќе се одиграат во Автокоманда, со слободен влез за сите заинтересирани.

Екипата на Металург 2 ќе се сретне со тимот на Тинекс Пролет. Средбата ќе се одигра утре, со почеток во 19.45 часот. Металург 2 ќе биде ослабен со неиграњето на Бојан Николовски, кого дисциплинската комисија на РФМ го казни со неиграње на две средби.

Средбата ќе ја судат Начевски Ѓорѓи и Николов Славе, додека делегат ќе биде Камер Металари.

В сабота, пак, својот втор натпревар ќе го одиграат и ракометарите на Металург. Наш противник ќе биде екипата на Вардар Јуниор, а средбата е закажана со почеток во 18 часот.

Оваа средба ќе ја судат Начевски Виктор и Божиновски Даниело, а делегат ќе биде Ацо Николовски.

Прочитано 235 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 1 =