Во тензична атмосфера, Металург 2 и Тиквеш ги поделија бодовите

07.10.2018 15:29
_DSC0023

Во четвртото коло од Првата ракометна лига, група 1, во Автокоманда се сретнаа екипите на Металург 2 и на ГРК Тиквеш. Видовме тензичен натпревар во кој беа досудени дури 36 минути исклучувања и два црвени картони, по еден на двете страни.

Дека ке гледаме тежок натпревар со многу тензија стана очевидно на самиот почеток. Гостинскиот тим од првата минута се обиде разликата во квалитетот да ја надополни со своето искуство, но и со серија на приговори кон двајцата судии и со физички притисок во однос на нашите млади ракометари. Вистински ракометен раритет видовме во десеттата минута, кога, поради груб фаул, а потоа и поради колективен протест и навреди кон судиите, беа исклучени дури четворица ракометари на Тиквеш. Противникот одигра две минути со двајца ракометари на терен, против шестмина играчи на Металург 2, но – не прими ниту еден гол. Навистина е несфатливо како нашите ракометари не реализираа во трите прилики што ги создадоа. Тука се истакна голманот на Тиквеш Димитров, кој ги одбрани овие три удари, како и уште седум само во првото полувреме, и кој средбата ја заврши со 16 одбрани. Металург 2, кој по многу сезони минати во Суперлигата допрва се прилагодува на “специфичните прилики“ во Првата лига, не го издржа притисокот и на одмор замина со негатива од пет гола, 10:15.

Второто полувреме почна со добра реализација на Металург 2, кој, иако имаше две исклучувања, многу брзо успеа да дојде на растојание од само еден гол, 17:18 и 18:19. Кога помисливме дека противникот е фатен во кондициона замка, Металург 2 влезе во серија на грешки, а тоа го искористи Тиквеш и се врати на максималните +5, 19:24. Следеа неколку израмнети минути, а потоа Металург 2 повторно влезе во серија и во 54. минута најпосле го израмни резултатот, 25:25, за да во следната минута и поведе, со 26:25. Се до крајот екипите се менуваа во водството. На 20 секунди до крајот Тиквеш поведе со 28:29, но Металург 2 имаше доволно време да израмни.

.

РК Металург 2 – ГРК Тиквеш  29:29 (10:15)

РК Металург 2: Божиновски, Михајлов 1, Кондев 2, Меловски 2, Кофиловски 4, Гошевски 4, Митиќ 2, Лембанов, Ристовски 7, Л.Додиќ, Прцуловски, Тодевски, С.Додиќ 7, Гајиќ и Мијатовиќ.    Седмерци: 3/6.   Исклучувања: 16 минути.   Црвен картон: Кондев во 24 минута.

ГРК Тиквеш: Петров, Димовски, Левов 2, Ристов, Витанов, Ампов 2, Пеовски 8, Грозданов 5, Лазов 7, Димитриев, Јовановски, Минов 1, Петров 4, Ангелковски, Димитров и Арсов.     Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 20 минути.   Црвен картон: Димитриев во 10 минута.

Судии: Христовски Војо и Мајнов Бобан од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 301 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 4 =