Во Тетово, кадетите на Металург 2 го совладаа тимот на Балтепе

06.10.2019 00:16
DAR_3665_resize

Својот втор натпревар во кадетското првенство на Македонија, група 1, го одигра и кадетскиот тим на Металург 2. Денеска гостувавме во Тетово, каде го совладавме тимотна Балтепе, со резултат 21:23 (12:9).

Не е на одмет да потсетиме дека овој наш кадетски тим е всушност составен од пионери и се натпреварува во пионерска и во кадетска категорија. Дополнително, денеска овој тим имаше две средби, по една во пионерска и во кадетска лига, па водството на тимот едноставно го подели тимот. Првата половина го одигра пионерскиот натпревар со Риниа М, а втората овој натпревар со Балтепе. Двете средби ги добивме.

Поради наведеното, Металург 2 во Тетово допатува со само 12 ракометари. Видовме натпревар со две различни полувремиња. Првиот дел убедливо го доби домашниот состав, со 12:9, додека второто полувреме уште поубедливо го добија нашите кадети, со 9:14.

Во следното коло нашиот тим е слободен.

.

РК Балтепе – РК Металург 2  21:23 (12:9)

РК Металург 2: Ангеловски, Петровиќ, Насевски, Дамовски, Ангелески, Субашевски, Јазаџиев, Стевков, Гилев, Таневски, Стојановски и Васевски.    Седмерци: 1/4.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје.

Делегат: Кристијан Белимов од Скопје.

Прочитано 349 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 3 =