ВО ЖЕСТОКА БОРБА МЕТАЛУРГ 2 ГО СОВЛАДА ОХРИД

08.11.2014 20:25
_DSC0539_resize

za tekst

Во осмото коло на македонската Суперлига, во Автокоманда се сретнаа екипите на Металург 2 и на Охрид. Видовме интересен и жесток дуел во кој победникот беше решен во последните десетина минути од средбата. Се водеше огорчена, машка, борба со голем број на физички контакти.

Средбата почна со целосна доминација на нашиот тим. Поведовме со 4:0, а својот прв гол противникот го постигна дури во петтата минута. Сепак, со тек на времето, играчите на Охрид постепено се вратија во игра, а во 23. минута и поведоа, со резултат 8:9. Полувремето заврши со минимална предност на ракометарите на Охрид, 11:12.

Жестоко беше и во вториот дел од средбата. Почетокот им припадна на гостите, кои во 38. минута го имаа своето највисоко водство, 12:16. Потоа се случи целосен пресврт, кој го иницираше нашиот голман Даниловски. Во следните седум минути тој одбрани дури седум удари, со што му овозможи на својот тим најпрво да израмни, 17:17, а потоа и да поведе, 18:17, во 47. минута. Металург 2 продолжи со одлична игра и во 58. минута поведовме со комотни 25:21. Конечниот резултат од средбата е 25:22. Заслужена победа на нашиот тим, во кој најдобри беа Даниловски, Костески (7) и Борјан Маџовски (6).

Металург 2 – Охрид 2013  25:22 (11:12)

Металург 2: Даниловски, Блажевски, Бошковски, Бешлиевски, Борј.Маџовски 6, Костески 7, Гроздановски, Манасков 1, Велковски, Маркудов 1, Матијашиќ, Бој.Маџовски 4, Палевски 1, Крстевски 3 и Давитковски 2.      Седмерци: 5/6.      Исклучувања: 10 минути.

Охрид 2013: Колев, Пецаков, Ангеловски, Андоновски 3, Б.Белевски 1, Николиќ 1, Трифуновски, Тасевски 2, Поп Стефанија, Трајчевски, Соколов 5, Вешоски 3, Печеновски 7, Костески и В.Белевски.      Седмерци: 3/4.       Исклучувања: 6 минути.      Директен црвен картон: Поп Стефанија во 41. минута.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Папуџиев Драги од Скопје.

Прочитано 2.105 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 9 =