ВРЕДНА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ 2 ВО РАДОВИШ

16.11.2014 00:16
29

za tekst

Во 9. коло на машката Суперлига, екипата на Металург 2 дојде до вредна победа во Радовиш. Нашите млади ракометари победија со резултат 33:26 (14:14).

Во првата половина на првото полувреме почесто во водство беа нашите ракометари, но во втората половина од овој период предноста отиде на страната на домашниот тим. Најголема предност нашиот противник имаше во 22. минута, +4 (11:7). Сепак, на одмор и двете екипи заминаа со идентичен број на постигнати голови, 14:14.

Втотото полувреме целосно ни припадна нам. Поведовме во првиот напад и водството го задржавме до самиот крај на средбата. Крајниот резултат е 33:26, а конечните +7 се и нашата највисока предност стекната во текот на натпреварот.

Металург допатува со 14 ракометари, но во текот на средбата се повредија Бојан Маџовски (во првата минута) и Горан Крстевски, па натпреварот го доигравме и добивме само со 12 играчи.

Најдобар поединец на средбата беше нашиот Мартин Манасков, кој постигна дури 14 гола.

Радовиш – Металург 2  26:33 (14:14)

Металург 2: Блажевски, Даниловски, Бошковски 2, Бешлиевски, Борј.Маџовски 5, Костески 6, Гроздановски, Манасков 14, Велковски 5, Матијашиќ 1, Палевски, Маркудов, Крстевски и Бој.Маџовски.

Прочитано 1.257 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2