ВРЕМЕ ЗА ЛАДНИ ГЛАВИ

23.02.2012 11:25
ljambe magareto.

Последните успеси на македонската репрезентација и Металург резултираа со егзалтација и вистинска национална еуфорија. Новинските текстови и коментарите на луѓето водат во само еден правец – скоро сигурна победа над екипата на Хамбург. Се создаде впечаток дека се друго ќе биде вистински неуспех.

Реалноста е малку поинаква. Без разлика на неоспорниот напредок и квалитетот на Металург, ние сме сепак далеку од моќта на Хамбург. Актуелниот германски шампион и моментално третопласиран во најсилното национално првенство во светот е екипа која спаѓа меѓу петте најдобри состави на планетата.

Металург не може да вети победа над Хамбург, ниту постои екипа која може со сигурност да вети нешто такво. Не можеме и не смееме врз плеќите на нашите ракометари да фрлиме таков товар а потоа да ги распнеме поради евентуалниот неуспех.

Тоа што Металург може и мора да вети е борба до последниот атом на силите. Може и мора да вети дека ќе се надмине себе си. Може и мора да вети дека на теренот ќе го остави своето срце.

Вчерашниот натпревар не е мерило за ништо. Во натпреварот влеговме калкулантски, да потрошиме онолку сили колку што е минимално потребно за успех. Можеби претеравме во тоа па моравме додатно да се помачиме за да ја спасиме победата.

Во недела тоа сигурно нема да се повтори. Во недела имаме можност за која сонуваат цели генерации. Во недела ќе игра еден сосема друг Металург.

Прочитано 762 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 9