Втор пораз на пионерите на Металург во Сараево

31.08.2019 10:12
DAR_1470_resize

Пионерската екипа на Металург е поразена од селекцијата на градот Сараево во првиот денешен натпревар. Загубивме со резултат 14:12 (6:5).

Видовме две различни изданија на нашиот тим, кој најпрво тргна еуфорично и кон средината на првото полувреме водеше со убедливи 5:2, за потоа целосно да му падне концентрацијата и полувремето да го загуби со резултат 5:6.

На почетокот на второто полувреме продолжи лошата игра на нашите млади ракометари, па противникот поведе со убедливи 6:11. Потоа се случи вистински пресврт и на теренот како да заигра друг Металург. Нашите пионери направија вистинска опсада на голот на противникот и дојдоа на негатива од само еден гол, 12:13. Имавме и дури три можности за израмнување, но не ги искористивме. Во последните 15 секунди тргнавме во пресинг, а противникот тоа го искористи и постигна уште еден гол, за конечни 12:14.

Пионерите денеска имаат уште еден натпревар во групната фаза. Во 13 часот ќе играат против екипата на Какањ.

.

Селекција на градот Сараево – Металург 14:12 (6:5)

 Металург: Талевски (3 одбрани), Ангеловски 1, Таневски, Субашевски 3, Насевски 2, Грујевски, Димковски 2, Арсовски, Стојановски 2, Васевски, Јазаџиев 1, Стеков, Петровиж 2, Филиповски и Апостолидис.

Прочитано 247 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 3 =