ВТОРОТО МЕСТО ВО ГРУПАТА Ц ПОВТОРНО ЗАВИСИ САМО ОД НАС

17.02.2013 19:18
CL_Velux_Logo_Horizontal_CMYK_p1_resize

Пријатно изненади екипата на Силкеборг, која го совлада тимот на Горење, во последниот натпревар од деветтото коло. Особено што победничкит гол е постигнат буквално во последната секунда, откако претходно Силкеборг не успеа да сочува предност од два гола. Екипата на Горење го израмни резултатот  на пет секунди до крајот, 26:26. По земениот тајмаут, ракометарите на Силкеборг, за само пет секунди, го претрчаа целиот терен и постигнаа гол, за нивна и наша радост.

Силкеборг – Горење  27:26

Од овој момент судбината на второто место во групата Ц повторно зависи само од нас. В недела е последното коло и играме во Скопје против екипата на Силкеборг. Потребна ни е победа, било каква. Во тој случај нема да зависиме од резултатот во Велење, каде Киелце ќе му гостува на тимот на Горење.

Картите за натпреварот против Силкеборг се во продажба. Интересот е одличен и очекуваме дека преполната арена “Борис Трајковски“, ќе биде местото на новиот успех на македонските ракометни шампиони.

најава Металург - Силкеборг_resize

Прочитано 995 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 5