Второто полувреме повторно кобно за Металург 2

06.03.2020 22:26
DAR_4627_resize

Во рамките на 16. коло на македонската Суперлига во Автокоманда се сретнаа екипите на Металург 2 и на Бутел Скопје. По солидното и рамноправно прво полувреме, младите ракометари на Металург 2 одново бодовите ги загубија во лошиот втор дел. Бутел Скопје славеше со резултат 17:28 (12:14).

Гостинскиот тим беше подобар во текот на целата средба и имаше постојана контрола врз резултатот, но и Металург 2 имаше своја игра и не му дозволи на противникот да создаде поголема разлика. Пред самиот крај на првиот дел намаливме на 11:12, но на одмор заминавме со негатива од два гола, 12:14.

Повторно второто полувреме стана кобно за нашиот тим. Повторно направивме голем број на технички грешки и повторно киксиравме и во одбраната и во нападот. Противникот успеа да не казни за сите грешки и постепено разликата се искачи до конечните -11.

.

РК Металург 2 – РК Бутел Скопје  17:28 (12:14)

РК Металург 2: Ацевски, Таневски, Михајлов, Фидановски, Трајковски 1, Мелоски 3, Кофиловски 4, Савковиќ 1, Шокоски 2, Георгиевски, Стоилевски 1, Прцуловски, Стојановиќ 5, Гајиќ, Додиќ, Ефтимов.    Седмерци: 2/3, Исклучувања: 12 мин.

РК Бутел Скопје: Даскалоски, Блажевски, Димов 7, Младеновски, Стојановски 2, Ѓеоргиевски7, Божиновски 4, Димовски 1, Спасовски, Мојсоски, Милошевски 2, Печенковски, Василевски 3, Мајиќ, Сулима 2, Николиќ.    Седмерци: 2/3, Исклучувања: 12 мин.

Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

Прочитано 226 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 5