Второто полувреме повторно кобно за Металург

15.09.2018 21:49
GIL_8659_resize

Металург ја загуби средбата од првото коло во Лигата на шампионите. Подобри од нас беа ракометарите на Спортинг, иако, според настаните на теренот, Металург не заслужи пораз од 8 голови. И овој пат кобно за нас беше второто полувреме во кое повторно до израз дојде кратката клупа на Металург и заморот на нашите млади играчи.

Металург одигра одлично прво полувреме во кое го надигра својот денешен противник. Нашиот тим водеше во најголемиот дел од првите 30 минути и тоа најчесто со два гола разлика, а имавме и дури три напади за позитива од три гола, но не искористивме ниту еден. Во првото полувреме, во одлично издание го видовме нашиот голман Мартин Томовски, кој во овој дел од средбата забележа дури 10 одбрани и е еден од најзаслужните за постојаното водство на Металург. Во првото полувреме Спортинг имаше предност во само два наврати и постојано беше во ситуација да ја брка нашата предност и да се бори разликата да не стане и повисока. Сепак, Металург не успеа да го добие првиот период од играта, кој заврши со резултат 13:13.

За жал, нашите ракометари многу лошо влегоа во вториот дел од средбата. Спортинг направи серија од 4:0 и за прв пат оствари ветувачка предност. Нашите ракометари својот прв гол го постигнаа дури во 36. минута, а според играта и бројните технички грешки се чувствуваше дека нема да имаат сили резултатски да се вратат во игра и дека недостатокот од ротации и заморот повторно ќе бидат кобни за Металург. Во овој дел немавме и поддршка од нашите голмани, кои забележаа само две одбрани, двете на Даниловски. Нашите слабости ги искористи екипата на Спортинг, која постепено ја зголеми предноста до максималните +8.

Ако во поразот има и нешто добро, тоа е играта на нашите млади ракометари Танковски (6), Серафимов (5) и Лазаревски (4 + 2 седмерци). Своите први голови за Металург ги постигнаа Стојановиќ (3) и Миличевиќ (2).

Следниот натпревар во Лигата на шампионите ќе го одиграме на 23 септември, кога во Скопје ќе ја пречекаме екипата на Бешикташ.

.

Спортинг – Металург  34:26 (13:13)

Спортинг: Ашанин, Веитиа  Валдез 3, Араујо 4, Бјелановиќ, Руезга 5, Карол 2, Солха 5, Чудиќ, Тиаго Роча 1, Карнеиро 2, Фабио Роча 6, Стјепановиќ, Гионеа 1, Никчевиќ 4, Фраде 1 и Скок.   Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 4 минути.

Металург: Томовски (10 одбрани), Даниловски (2 одбрани), Лазаревски 4, Јагањац 3, Димитриоски, Токиќ 2, Шилегов 1, Танкоски 6, Серафимов 5, Миличевиќ 2, Маџовски, Стојановиќ 3 и Арсеновски.   Седмерци: 5/5.    Исклучувања: 4 минути.

.

Тек на средбата:

Полувреме 1:  0:1, 0:2 (1’), 1:2, 2:2 (3’), 2:3, 3.3, 4:3 (6’), 4:4, 4:5 (11’), 4:6 (13’), 5:6, 5:7, 6:7, 6:8 (15’), 7:8, 7:9 (18’), 8:9, 9:9, 9:10 (23’), 10:10, 11:10 (25’), 11:11, 11:12 (29’), 12:12, 12:13, 13:13 (30’).

Полувреме 2:  14:13, 15:13, 16:13, 17:13 (35’), 17:14, 18:14, 18:15, 19:15 (38’), 19:16, 20:16, 20:17, 21:17, 21:18, 22:18, 22:19 (43’), 23:19, 23:20, 24:20, 24:21, 25:21, 26:21 (49’), 26:22, 27:22, 27:23, 28:23, 29:23 (52’), 29:24, 30:24, 31:24 (54’), 31:25, 32:25, 33:25 (59’), 33:26, 34:26 (60’).

Прочитано 442 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 12