Второто засилување во Металург е црногорскиот пикер Бранко Канкараш

05.05.2020 21:20
Branko Kankaras during the D group match of the EHF European Men's Handball Championship between Montenegro and Denmark at Ergo Arena sports hall in Gdansk (Photo by Michal Fludra/Corbis via Getty Images)

Веднаш по Момир Рниќ, раководството на Металург го обезбеди второто засилување за следната сезона. Се работи за црногорскиот репрезентативен пикер Бранко Канкараш, кој сезонава ја заврши во тимот на Мешков Брест.

Канкараш (32г., 188 см., 103 кг.) во својата кариера настапувал за српските екипи Југовиќ (2006-2013), Металопластика (2013-2014) и Војводина (2014-2015), турскиот Мерзин (2014-2015), француските Валанс (2015-2017) и Истр (2018-2019), како и белорускиот Мешков Брест (2019-2020). Канкараш има искуство и во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата.

Канкараш со Металург потпиша едногодишен договор.

На пикерската позиција сега Металург ги има Црногорците Бранко Канкараш и Лука Вујовиќ, како Милан Лазаревски.

Во наредниот период раководството на Металург ќе се потруди да ги изненади нашите навивачи со нови квалитетни ракометари, со кои Металург ќе биде подготвен за борба во македонското првенство и во Лига Европа.

Прочитано 339 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 4 =